Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/18/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/18/2024 07:48

Заменик-министерот Димитровски се сретна со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска се сретна со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата заеднички беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји кои во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат, со акцент на економската соработка.

Во фокусот на разговорите беше интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласија дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки.

Заменик министерот Димитровски изрази благодарност за континуираната и безрезервна поддршка од Хрватска за наше членство во Европската унија. Воедно, беше нагласена потребата заеднички и интензивно да се работи во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес, за која тој нагласи дека поддршката од Хрватска е непроценлива.

Двајцата соговорници ги поздравија одличните билатерални односи со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заеднички интерес, НАТО-сојузништво и пријателство кое се негува во изминатите 32 години.