Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/18/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/18/2024 07:48

Средба Димитровски - Руи Велез Кароко

Заменик Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Португалската Република во нашата држава со седиште во Белград, Хозе Руи Велез Кароко.

На средбата беше нагласено задоволството од досегашниот развој на билатералните односи меѓу двете држави, со потенцирање на заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските врски и потребата од искористување на потенцијалот за интензивирање на соработката.

Заменик Министерот Димитровски му посака успешна мисија на новиот португалски амбасадор, изразувајќи уверување дека со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во продлабочувањето на односите и доближувањето на двете земји.

Уверувајќи дека официјален Лисабон ќе продолжи да ја поддржува нашата држава на европскиот интегративен пат, амбасадорот Хозе Руи Велез Кароко искажа подготвеност да го продолжи градењето меѓусебни блиски релации преку континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Соговорниците разговараа за можностите за продлабочување на економските односи, разменувајќи мислења и за мултилатералната соработка меѓу двете држави, како и за актуелните случувања на глобален план.