Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/18/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/18/2024 07:48

Средба на ЗМНР Димитровски со новоименуваната амбасадорка на Република Гана

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Гана за Република Северна Македонија, со седиште во Прага, Дорис Аздо Денуо Бресе.

Посакувајќи ѝ срдечно добредојде во нашата држава и успех во вршењето на дипломатската функција, заменик министерот Димитровски изрази очекување дека и покрај географската оддалеченост, двете земји ќе продолжат да ја унапредуваат соработката и пријателството.

Соговорниците потврдија дека постојат многу можности за нови форми на соработка и потенцијал за развој на партнерство во повеќе области, како во трговијата, инвестициите, здравството, образованието и културата.