11/19/2024 | Press release | Distributed by Public on 11/19/2024 11:01
Државната секретарка Кузмановска истакна дека САД се најзначајните стратешки партнери на Република Северна Македонија но и дека одличните политички релации меѓу двете земји во блиска иднина треба да поттикнат и поголема економска соработка. Постои голем потенцијал за зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Имено, Владата на САД постојано и дава значајна поддршка на нашата Влада во спроведувањето на активностите насочени кон економски раст и стабилност како и кон зајакнување на демократските практики на институциите.
На средбата се разговараше за тековната помош од Министерството за финансии на САД во нашата земја која се реализира во области како што се буџетот, приходите, јавниот долг, банкарството и економскиот криминал.
Покрај разменета на мислења во врска со билатералната економска соработка меѓу двете земји, беа претставени и економските приоритети на Владата на Република Северна Македонија, со посебен осврт во делот на преземањето на надворешната трговија во ресорот надворешни работи.