Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/31/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/31/2024 11:22

Средба на државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со новоименуваниот амбасадор на Кралството Данска

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Данска, со седиште во Белград, Н.Е. г-ѓа Пернил Далер Кардел.

Посакувајќи топло добредојде, Кузмановска изрази уверување дека нејзиното богато дипломатско искуство ќе придонесе за натамошно зајакнување на севкупните односи меѓу двете земји, кои се пријателски, партнерски и со активен меѓусебен политички дијалог.

На средбата, беше изнесен интересот за зајакнување на севкупната билатерална соработка, со фокус на економските и трговските можности, на што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ќе работи во претстојниот период. Воедно, државниот секретар Кузмановска упати благодарност за исклучително важната данска поддршка за македонската европска интеграција и важноста на копенхашките критериуми, кон чие исполнување остануваме силно посветени.