Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

07/23/2024 | Press release | Distributed by Public on 07/23/2024 09:59

Муцунски на средби со Габриел и Мелсом

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, оствари одвоени средби со амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом и претставникот на Европска Инвестициона Банка во Северна Македонија, Бјорн Габриел.

На средбата со Амбасадорката на Норвешка, Министерот се заблагодари за досегашната норвешка експертска и развојна поддршка во повеќе клучни области, како и воспоставеното партнерство во развивањето на нашите капацитети за остварување на клучните надворешно-политички приоритети. Притоа, нагласи дека новата Влада е посветена на унапредување на односите на билатерално и мултилатерално ниво, како и интензивирање на трговската размена и развој на економските и бизнис врските. Воедно, беше поздравена и готовноста за зајакнување на соработката како НАТО сојузници и заедничкиот придонес за зачувување на глобалниот мир и трансатлатнската стабилност.

Во фокусот на разговорите со Претставникот на Европската Инвестициона Банка во земјава, беше посветеноста на понатамошниот развој на енергетскиот сектор и другите области на соработка во земјава, како и остварувањето на значителни резултати кои придонесуваат кон понатамошното продлабочување на долгогодишното меѓусебно партнерство. Воедно, Муцунски се заблагодари за изградбата на капитални проекти насочени кон подобрување на инфраструктура во земјата и кои придонесуваат за подигнување на квалитетот на животот граѓаните. Информираше дека македонската Влада е силно фокусирана кон успешна имплементација на реформските процеси, надминување на предизвиците и кон реализација на значајни проекти кои се од важност за домашната економија и регионалното поврзување.