Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

07/23/2024 | Press release | Distributed by Public on 07/23/2024 08:14

Муцунски на средби со високи претставници на американските компании 'Рамбл', 'Кантор Фицџералд' и Трамп корпорација за медиуми и технологија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска Давкова, оствари средба со Крис Павловски, основач и извршен директор на интернационалната компанија Rumble, Хауард Лутник, основач и извршен директор на една од водечките финансиски корпорации во САД- Cantor Fitzgerald и со Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и сегашен извршен директор на Трамп корпорацијата за медиуми и технологија.

На средбите се разговараше за можностите за соработка во дигиталниот сектор и дигиталните реформи кои треба да ги спроведе нашата држава со цел да се подобрат услугите кон граѓаните и поедноставување на нивниот живот, фокусирајќи се на дигиталната слобода и трансформација на македонското општество.

На нив беа разгледани и повеќе можности за унапредување на економската соработка и зајакнување на бизнис врските меѓу двете земји. Воедно, беа презентирани и поволностите кои земјава ги нуди за странски инвеститори, при што беше изразено заемно уверување дека бројот на инвестициите од САД во земјава ќе се зголемува.

Токму зајакнувањето на соработката во областа на економијата и привлекувањето инвестиции е на линија на приоритетите предвидени со Стратешкиот дијалог со САД, на што земјава ќе работи во периодот што следи.