12/09/2024 | Press release | Distributed by Public on 12/09/2024 09:29
Државниот секретар Елена Кузмановска денеска учествуваше на регионалниот настан "Жените во напорите за мир и безбедност - перспективите од Југоисточна Европа и Украина", кој се одржа во Љубљана, Словенија.
Кузмановска се обрати на панел-дискусијата во пресрет на 25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН, посветена на жените, мирот и безбедноста.
За време на дискусијата, таа се осврна на посветеноста на Северна Македонија кон остварувањето на агендата за жените, мирот и безбедноста (WPS), што е рефлектирана во вториот Национален акциски план 1325 за периодот 2020-2025. Имплементацијата на Резолуцијата во изминатите две децении донесе значајни резултати во унапредувањето на агендата за WPS, но, и покрај тоа, Северна Македонија останува целосно посветена на нејзино натамошно подобрување.
Воедно, Кузмановска ја нагласи потребата од посветеност и напори на сите нивоа за понатамошна имплементација на Резолуцијата, преку обезбедување целосно и суштинско вклучување и учество на жените во мировните процеси како лидери, преговарачи, мировници и градители на мирот.