Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/03/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/03/2024 12:46

Обраќање на ЗМНРНТ Зоран Димитровски на конференцијата за спротиставување на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денес имаше воведно обраќање во рамки на Конференцијата за спротивставување на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје, која се одржува во Скопје, во организација на Балканската безбедносна мрежа и Стејт Департмент на САД.

Како земја членка на НАТО, Република Северна Македонија останува посветена на нуклеарното разоружување како и на имплементација на Договорот за непролиферација, но и на зајакнување на мултилатералната рамка за контрола на извозот на конвенционално оружје и двојната употреба на стоки и технологии, што е клучно во превенцијата и спречувањето на натамошно влошување на глобалната безбедност.

Во дебатата за домашната и регионалната безбедност, заменик министерот Димитровски нагласи дека обидите за политичка дестабилизација како основа за безбедносна дестабилизација на државата, не треба да се игнорираат, но дека сите надлежни институции од областа на безбедноста се подготвени соодветно да реагираат и да спречат евентуални безбедносни закани.