10/31/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/31/2024 11:22
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Тунис, со седиште во Белград, Н.Е Имен Лааџили Амари.
Посакувајќи ѝ срдечно добредојде, државниот секретар Кузмановска ѝ посака успех во вршењето на ова одговорна функција, изразувајќи очекување за натамошна успешна соработка помеѓу двете земји.
На средбата беа разгледани и можностите за унапредување на нашите односи преку конкретни иницијативи и нови форми на соработка, за развој на партнерство во повеќе области, како во трговијата, инвестициите, здравството, туризмот и културата.