Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

07/04/2024 | Press release | Distributed by Public on 07/04/2024 07:00

Средба Муцунски - Филипиду

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.

На средбата, Муцунски изрази уверување дека земјава е силно посветена на натамошно унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка со Грција, пред сѐ како НАТО партнери и сојузници.

Воедно, министерот Муцунски истакна дека наш интерес е градење добрососедски односи во функција на безбедност, стабилност и просперитет на Регионот. Земјава останува определена кон натамошно унапредување на билатералните односи, преку отворен дијалог за сите прашања од заемен интерес, а во функција на нејзино збогатување со нови содржини и во полза на просперитетот и благосостојбата на граѓаните од двете земји.

Соговорниците, воедно, го реафирмираа интересот за интензивирање на економската соработка, дотолку повеќе што Грција е меѓу петте земји со кои Република Северна Македонија оствари најголем обем на трговска размена во изминатата година.