Results

Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

08/12/2024 | Press release | Distributed by Public on 08/12/2024 09:32

Средба Муцунски со претставници на ТАВ Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со раководството на ТАВ Македонија.

На средбата се зборуваше за можностите за унапредување на соработката, новите инвестиции и подобрување на бизнис климата во државата.

Министерот Муцунски, на средбата истакна дека дека авиосообраќајот има важна улога во економскиот развој и дека со меѓусебна поддршка, преку унапредување на инфраструктурата, инвестиции во нови технологии и капацитети, треба да се работи за зголемување на бројот на летови, патници и туристи во земјава.

Воедно, тој ги информираше претставниците на компанијата за решеноста на владата и министерството да работат на привлекување нови инвестиции и поддршка на постојните, преку конкретни мерки.