Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/09/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/09/2024 05:46

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска денес оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Во годината во која одбележуваме 30-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи, соговорниците ги потврдија традиционално добрите и пријателски билатерални односи меѓу двете држави, изразувајќи подготвеност за натамошно интензивирање на соработката, особено во делот на инвестициите и надворешно-трговската и соработка.

На средбата стана збор и за мултилатералната соработка меѓу двете земји и заедничките заложби за справување со регионалните и глобални безбедносни предизвици, како и други значајни надворешно-политички теми.