Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

08/19/2024 | Press release | Distributed by Public on 08/19/2024 08:22

Средба Димитровски - Ќосески

Денеска, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, оствари средба со Почесниот конзул во Австралија со седиште во Перт, Зоран Ќосески.

За време на средбата соговорниците разговараа за статусот на многубројната македонската заедница во Австралија, за нивните досегашни и идни активности во поглед на негување на културата, традицијата и македонските обичаи, како и одржување на врските со матичната земја. Во разговорите особено беше истакнат интересот за унапредување и зајакнување на економските и трговски односи помеѓу Северна Македонија и Австралија и во таа насока Почесниот конзул Ќосески ги истакна планираните следни чекори во блиска иднина за возобновување на Австралиско - Македонската стопанска комора, со цел поголемо поврзување на компаниите и зголемување на трговската соработка и размена меѓу двете држави.