Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

07/03/2024 | Press release | Distributed by Public on 07/03/2024 06:20

Позиција на МНР за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации

Во врска со објавите на медиумите во однос на Заедничката изјава во Советот за човекови права на Обединетите нации, иницирана од Литванија, со која се повикува Грузија да го укине законот за транспарентност на странско влијание, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш ја повторува позицијата која и во текот на вчерашниот ден беше доставена како одговор на новинарско прашање, дека Северна Македонија ја дели загриженоста на ЕУ којa се однесува на споменатиот закон, што е впрочем наша принципиелна позиција и за слични закони во други држави. Соодветно, ја поддржуваме и заедничката изјава на Литванија дадена во име на група земји, на која се придруживме и која e објавена на официјалната страница на Советот за човекови права, што е вообичаена пракса.

Во прилог линк - web page на литванското мнр/мисија со ажурирана листа на коспонзори:

https://mission-geneva.mfa.lt/mission-geneva/en/news/56th-session-of-the-human-rights-council-interactive-dialogue-with-the-special-rapporteur-on-peaceful-assembly