National Bank of the Republic of Macedonia

12/13/2024 | Press release | Distributed by Public on 12/13/2024 03:30

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

Скопје, 13 декември 2024 година

Народната банка навреме ги препозна ризиците од климатските промени и зазеде проактивен став вклучувајќи ги климатските ризици и придонесот кон зелената одржлива економија во своите стратегиски цели. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и Амра Омерагиќ и Славен Поповиќ, претставници на "Финансии во движење", кои се советници на "Инвестицискиот фонд за зелен раст".

"Преку низа активности, Народната банка придонесува кон поттикнувањето на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки. Зелените кредити бележат постојан раст во портфолијата на банките и во третиот квартал од годинава растот на зелените кредити, во однос на истиот период лани, изнесува 1,4 милијарди денари или 7,4%. Уделот на зелените во вкупните кредити сѐ уште е на релативно ниско ниво, но од крајот на 2019 година, заклучно со третото тримесечје од 2024 година, се забележува промена од 2,2 % на 4,4 %", нагласи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

На средбата беше искажана поддршка за досегашната успешна соработка, а се разговараше и за идните заеднички активности, во чии рамки во Народната банка,под покровителство на "Инвестицискиот фонд за зелен раст", во соработка со "Финансии во движење", и експерти од "Ернст и Јанг", се одржа втората работилница за градење капацитети за ЕСГ, на тема "Управување со влијанието на еколошките, социјалните и управувачките фактори (ЕСГ), ризици и можности". Целта на работилницата е да се зајакнат капацитетите на централната банка за повеќеслојните влијанија на ЕСГ, при што се стави акцент на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици. Факторите на ЕСГ, за кои некогаш се сметаше дека имаат споредно значење, добиваат централна улога во процесот на донесување одлуки и управувањето со ризиците. Институциите коишто се приспособуваат кон промените и кон новото окружување можат да ја подобрат отпорноста, да поттикнат одржлив раст и да ја зајакнат довербата во своите операции.

"Инвестицискиот фонд за зелен раст" е горд партнер на Народната банка на Северна Македонија во залагањето за зелени и одржливи финансии и позелена економија во Северна Македонија. Нашето партнерство е посветено на постигнување на еколошките цели за ублажување на климатските промени преку поставување јасни стратегиски цели, зајакнување на внатрешните капацитети и подигање на свеста во секторот. Овие иницијативи нè носат чекор поблизу кон усогласувањето на финансискиот систем со глобалните приоритети за одржлив раст и затворањето на јазот во зеленото финансирање", изјави Амра Омерагиќ, инвестициски менаџер од "Финансии во движење".

На работилницата се потврди значајната улога на централните банки и финансиските супервизори во зајакнувањето на отпорноста на финансискиот систем на климатските ризици, преку поддршка и поттикнување на преминот кон одржлива економија. Во текот на изминатите години, сѐ поголем број централни банки ги вклучија климатските промени како стратегиски приоритет и усвоија стратегии за управување со климатските ризици. Активностите на Народната банка поврзани со климатските ризици се врамени во Среднорочниот план на Народната банка за управување со ризиците поврзани со климатските промени во периодот 2023 − 2025 година, којшто содржи јасни патокази за преземање конкретни активности.

"Инвестицискиот фонд за зелен раст" се залага за управување со климатските промени и за одржлив економски раст, пред сè преку инвестирање во мерки со коишто се намалува потрошувачката на енергија, употребата на ресурси и јаглеродните емисии. Фондот го насочува финансирањето кон деловните претпријатија и домаќинствата преку техничка помош, знаења и техничка експертиза за да се осигури дека инвестициите се успешно спроведени и со високи меѓународни стандарди. Фондот работи на 19 пазари низ Југоисточна Европа, вклучувајќи ги и Турција, Европскиот источен соседски регион и Блискиот Исток и Северна Африка.

  • A+
  • A-

{{Title}}

{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{#each Images}} {{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}} {{/each}}
{{/hasElements}}

ИНФЛАЦИЈА

КУРСНА ЛИСТА

Држава

Единицa валута

Среден курс во денари

Повеќе

КУРСНА ЛИСТА

за период: -

Држава Шифра Единицa валута Куповен курс во денари Среден курс во денари Среден курс во денари Продажен курс во денари

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНАТА БАНКА

Инструмент
Каматна стапка
Благајнички записи

5,80%

Расположлив кредит преку ноќ
6,30%
Расположлив депозит преку ноќ
4,20%

Расположлив депозит на седум дена

4,25%

Стапки на задолжителната резерва на банки

Операции на финансиските пазари