Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

11/14/2024 | Press release | Distributed by Public on 11/14/2024 07:05

Средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со амбасадорката на Федералната Демократска Република Етиопија, со седиште во Рим, Демиту Хамбиса

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Н.Е Тимчо Муцунски денеска оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Федерална Демократска Република Етиопија, со седиште во Рим, Н.Е. Демиту Хамбиса.

На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји и реафирмирани заедничките заложби за интензивирање на билатералната и мултилатерална соработка.

Министерот Муцунски, исто така, ја истакна важноста од фокусирање на заедничките напори кон продлабочување на меѓусебна економска соработка и подобрување на трговските односи. Истовремено беше потврдена заложбата за идна соработка и нови проекти и иницијативи во други области.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби во двете држави и региони, како и за теми од надворешно - политички и безбедносен карактер.