Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

08/13/2024 | Press release | Distributed by Public on 08/13/2024 09:10

Државниот секретар Кузмановска оствари средба со амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска денес оствари средба со амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш.

На средбата соговорниците изразија задоволство од досегашните блиски и пријателски билатерални односи, при што ги реафирмираа заложбите за натамошно унапредување на соработката како на билатерален, така и на мултилатерален план во сите области од заеднички интерес за двете земји.

Државниот секретар Кузмановска се заблагодари за континуираната поддршка на Словачка за нашата интеграција во Европската Унија и ја нагласи посветеноста на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за продолжување на европскиот пат преку реализација на реформските процеси кон полноправно членство во Унијата.

Соговорниците исто така разговараа за можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји.