Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

09/05/2024 | Press release | Distributed by Public on 09/05/2024 11:53

Министерот Муцунски го прими новиот амбасадор на Бугарија

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Бугарија, Радуков.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија, Желјазко Радуков.

Соговорниците го потврдија заедничкиот интерес и посветеност за натамошен развој на билатералните односи и унапредување на соработката во областите од заемен интерес, низ процес на меѓусебен дијалог кој подразбира негување на пријателство, добрососедство и заемно почитување меѓу двете држави кои воедно се и НАТО-сојузници.

На средбата, посебно стана збор и за заемните заложби за натамошно интензивирање на мултисекторската соработка, особено на економски план, но и во сите други области кои се од интерес за граѓаните на двете земји.