Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/17/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/17/2024 08:35

Средба Димитровски - Пескер

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете пријателски земји, и воедно, беа истакнати заемни заложби за натамошен развој и продлабочување на истите во сите области од заемен интерес.

Значаен дел од разговорот беше посветен на процесот на ЕУ-интеграцијата на нашата земја, при што Заменик-министерот Димитровски упати благодарност за силната и континуирана поддршка од Словенија во овој процес, со уверување дека истата ќе продолжи и понатаму со подеднаков интензитет.

Соговорниците ја потврдија одличната соработка и во рамки на сојузништвото во НАТО, со континуираната демонстрација на заедничката посветеност за зачувување на безбедноста, стабилноста и просперитетот во регионот и пошироко.