Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/31/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/31/2024 11:11

Државната секретарка Елена Кузмановска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот нерезидентен амбасадор на Република Кипар, Андреас Фотиу

Новоименуваниот амбасадор на Република Кипар, со седиште во Белград, Андреас Фотиу ги предаде копиите од акредитивните писма на државната секретарка Елена Кузмановска

Денеска, државната секретарка Елена Кузмановска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот нерезидентен амбасадор на Република Кипар, Андреас Фотиу.

Соговорниците изразија подготвеност за развој и унапредување на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, со оценка дека постои потенцијал за продлабочување на меѓусебната соработка во трговска размена, туризмот, образованието и културата. Во разговорот беа разменети мислења околу повеќе актуелни теми, со акцент на европската интеграција и перспективи на нашата земја. Воедно беше истакнато нашето очекување за значајна кипарска поддршка во ЕУ-процесот имајќи ја предвид позицијата на оваа земја-членка на Европската Унија.

Посакувајќи му успешна дипломатска мисија на амбасадорот Фотиу во нашата земја, државната секретарка Елена Кузмановска изрази подготвеност за активна и отворена соработка со Амбасадата на Кипар во насока на реализација на заедничките цели и натамошно збогатување на билатералната соработка меѓу двете земји.