Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

09/23/2024 | Press release | Distributed by Public on 09/23/2024 11:37

Средба Муцунски – Гераптеритис во Њујорк

На маргините на Генералното собрание на ОН, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис.

Оваа средба претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значајно унапредување на дипломатските односи. Во текот на конструктивната дискусија посебно внимание беше посветено на можностите за развој на трговијата, инфраструктурата и инвестициите во енергија, како клучни области, каде постојат реални можности за проширување на соработката.

Почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет и одржлив мир. Заемната посветеност на овие принципи е основа за успешна реализација на идни корисни иницијативи и проекти.