Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

09/04/2024 | Press release | Distributed by Public on 09/04/2024 12:32

Средба ЗМНР Димитровски - Лејбович

Денеска, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, оствари средба со директорот на Американско - Еврејскиот Комитет, со седиште во Ерусалим, г-ѓа Авитал Лејбович.

Заменикот Димитровски го нагласи интересот на Владата на Република Северна Македонија за натамошно продолжување на соработката и дијалогот со Американско - Еврејскиот Комитет.

Соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Израел, кои се обележани со високо ниво на пријателство, почит и меѓусебно разбирање. Беше констатирано дека постои голем потенцијал за натамошно севкупно продлабочување на соработката, особено во областите на безбедноста, економијата и трговијата, енергетиката, земјоделството и технологијата.

Дополнително, меѓу соговорниците беа разменети мислења и за натамошниот развој на ситуацијата на Блискиот Исток. Од наша страна, беше нагласена заложбата за успешен тек на преговорите за постигнување на договор помеѓу Израел и Хамас со цел деескалација на актуелните кризни состојби и враќање на стабилноста во регионот, односно, потребата доследно да се почитуваат безбедносните и хуманитарните потреби на цивилното население во појасот Газа.